Денес се одржа 16 работна конференција на Локалниот совет за превенција во општина Струмица, која помина во исклучително контруктивна атмосфера, а во интерес на општината и нејзините граѓани.
Покрај разните теми и заклучоци, главен акцент на конференцијата беше ставен на известувањето за формирање координативно тело за аерозагадувањето, како и дискусија за состојбата со аерозагадувањето во општина Струмица.
„Уште една конференција, уште еден чекор напред и уште еден доказ дека Струмица го има најпостојаниот, најпрофесионалниот и најефикасниот Локален совет за превенција во државата, кој треба да биде пример за сите други општини“, напиша градоначалникот Костадинов.