По повод денешниот светски ден на водите Обединетите нации издадоа извештај на тема „Подземните води: да се направи невидливото видливо“.
Подземните слатки води, според анализите, сочинуваат приближно 99% од целата вода за пиење на Земјата. Тие имаат потенцијал да им обезбедат на општествата огромни социјални, економски и еколошки придобивки и можности.
Подземните води веќе обезбедуваат половина од волуменот на вода за домашна употреба од страна на глобалното население, вклучувајќи ја и водата за пиење за огромното мнозинство од руралното население кое не ја добива нивната вода преку јавни или приватни системи за снабдување, а околу 25% од целата вода за наводнување.