Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори.
Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со Ковид и оние во самоизолација, денеска гласаат болните, немоќните, хронично болните, затворениците, лицата во домашен притвор, во старските домови и шестмина внатрешно раселени лица.
За гласање се пријавени 8.855 болни и немоќни и хронично болни чии пријави се прифатени од ОИК.
Гласање ќе се спроведува и во 13 казнено-поправни установи, при што запишани се 1.657 гласачи и лица во домашен притвор.
Во старските домови, гласачкото право ќе го остварат 357 гласачи.
Право на глас на овие десетти парламентарни избори имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи.
извор: Макфакс