Во пресрет на вториот круг на локалните избори, денеска гласаат лицата во изолација, болните и немоќни лица, како и притворениците и затворениците.
Посебни избирачки одбори ќе го спроведат гласањето на болните и немоќни лица, а посебен тим од медицински лица е формиран за гласање на лицата со ковид-19 и во изолација.