• Fri. Nov 22nd, 2024

Демолиран објектот на МРД по синокешниот страотен удар во кој загина 35 годишен струмичанец

ByВане Трајков

Nov 26, 2017

Едно лице загина а две се повредени  во синокешната сообраќајна несреќа што се случи на патот Струмица Просениково при трка на две моторни возила. Според полицијата  причина за сообракајката е неприлагодената брзина  со која  32 годишно момче управувал  со возило фолсфаген Шаран и излетал од патот при при што се забил во бетонскиот столб и металната влезна врата на објектот на Македонска радиодифузија во Струмица.

Од ударот со тешки повреди се здобил совозачот кој на пат на струмичката болница во возило на брза помош им подлегнал на повредите.

МВР во својот дневен билтен не потврдува дека несреќата се случила при трка на две патнички возила туку дека излетало возило од коловозот а совозачот им подлегнал на повредите

Неофицијално Шаранот учестувал во трка со  друго моторно возило на патот покрај комплексот Агрокор. Од силната брзина и страотниот удар демолиран е и објектот на Македонската радиодифузија во Струмица каде сеуште имаше остатоци од синокешната сообракајка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *