• Thu. Nov 28th, 2024

Дел од Советот на Општина Струмица во посета на Клубот „Вера“

ByЃ. K.

Jan 10, 2024

И кога сонцето е сокриено зад облаците може да те огрее сонце. И кога времето е многу студено може да ти биде топло околу срцето. Тоа го почувствуваa денес дел од Советот на Општина Струмица при денешната посета на Клубот за помош и поддршка на лицата со даунов синдром на здружението „Вера“, кој функционира во повеќенаменскиот социјален центар во Струмица.

Ако човек не знае како да ги сака луѓето, тоа може да го научи токму од тие лица.

„Беше преубаво да се биде сведок на нивната радост при „кршењето на паричката“ и вистинско задоволство меѓусебно да си ги честитаат празниците кои поминаа, но и да си посакат убави мигови во празниците кои се пред нас“, велат од Општина Струмица.

By Ѓ. K.