За првпат во историјата на празнувањето на Денот на заштитниците, меѓу гостите имаше делегација од општина Кукуш, Грција, предводена од градоначалникот Димитрис Киријакидис којашто присуствуваше и на утринската Света Божествена литургија во храмот Свети 15 Тивериополски Свештеномаченици.
„Кукушкиот градоначалник нѐ удостои со своето присуство и на останатите настани со кои го одбележавме празникот. Во името на прогресот и придобивките за нашите граѓани, ја јакнеме и прошируваме соработката меѓу двете општини“, порача градоначалникот Костадинов.