• Fri. Nov 22nd, 2024

Девојчињата на Наковски блескаа во Битола и славеа победа

Откако не успеа во првото коло, девојките на Хари Наковски и Александар Митев победата ја вкусија во второто коло и тоа во Битола. Со 3:0 во сетови го совладаа домашниот состав Пелистер Волеј. Ова беше дуел новите прволигаши во кој струмичанки се докажаа дека се многу подобри од битолчанки во секој сегмент на одбојкарската игра.

Победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање за Наковски Волеј. Дуелот го отворија смирено со контрола на играта и резултатот и првиот сет го добија со 25:18. Вториот сет беше порамноправен. Струмичанки направија многу сервис грешки што отвори можност за надеж  за битолчанки но Фасулева заедно со останатите одбојкарки  не дозволија пресврт па го добија и вториот сет со 25:23.  Третиот сет беше слика на претходните два каде струмичанки беа оние што го диктираа темпото среде Битола за конечни 3:о во сетови.

15055683_1444528265561841_9205706225288491227_nПОБЕДНИЧКО СЕЛФИ ВО БИТОЛА

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *