• Fri. Nov 22nd, 2024

Девојките од Наковски волеј во сабота во 18 часот против Работнички за статутот есенски Шампионки

Одбојкарките на ,,Наковски волеј,, во сабота го играат клучниот натпревар за освојување на Првата позиција во женскиот одбојкарски шампионат во есенската полуетапа. Противник на избраничките на Хари Наковски ќе бидат одбојкарките на Работнички од Скопје кои досега немаат претрпено пораз но имаат натпревар помалку.

Мечот меѓу Наковски волеј и Работнички е закажан во сабота во 18 часот во салата при СОУ Димитар Влахов и ќе преставува дерби во 9 коло од Првата одбојкарска лига жени

Наковски волеј очекува полни трибини и со подршка од публиката да направи исчекор кон лидерската позиција. Двата тима имаат по 21 бод но имајки во предвид дека Наковски волеј  во последното коло е слободен во сабота му е потребна сигурна победа по можност и освојување на сите три бода

,,Наковки,, оваа сезона имаат 7 победи и еден пораз и тоа од Работнички жени во Скопје каде освоија бод. Со нови три бода ќе биде сигурни на првата позиција и ќе ја понесе титулата есенски шампионки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *