31 годишен пациент кој починал утрово на Клиниката за инфектвни болести во Скопје е најмладата жртва на коронавирус во земјата. Според информациите на министерот за здравство Венко Филипче, пациентот имал тешка клиничка слика, бил интубиран и ставен на рспираторна машина, но, рано утринава починал. Втората жртва е на 91 годишна возраст.
Бројот на новозаболени е 16. Со тоа вкупниот број на дијагностицирани пациенти со КОВИД 19 во земјата е 257. Во моментов нема други лица кои се на респираторни машини.
Утре , по добивањето на вторите тестови, доколку се негативни, на домашно лекување можно е да се пуштат 7 пациенти.