• Sat. Nov 23rd, 2024

Две нови жртви и 41 заболен од корона-вирус во земјата

На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 36 години од Гостивар, кој освен обезност немал други коморбидитети, но неговата клиничка слика била тешка, соопшти Министерството за здравство.

Во денешната евиденција на институтот на починати од Ковид-19 ќе биде заведен и пациент од Скопје кој бил на возраст од 25 години. Починал на 23 април, а неговиот втор-постмортем позитивен резултат пристигнал утрово. Пациентот имал Даунов синдром, бил хоспитализиран на 20 април со тешка клиничка слика и наод бронхопневмонија, објави Макфакс.

Во последните 24 часа се направени рекордни 728 теста за Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 14.758 тестирања, соопшти Министерството за здравство.

Во последните 24 часа, потврден е 41 нов случај и тоа во Скопје 17 случаи, во Куманово и Прилеп по осум случаи, во Тетово четири случаи, по еден во Струга и Битола и двајца во Велес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *