Две нови лица позитивни на КОВИД – 19 во Струмица се најдоа на статистиката на Министерството за здравство. Последниве три дена се регистрирани осум новозаболени од корона – вирус во Центарот за јавно здравје, Струмица.
Министерството вели дека денеска има и 13 оздравени лица во Струмица.
Со тоа, бројот на активни случаи с енамали на 20, додека од почетокот на пандемијата заболеле вкупно 49 лица.