• Fri. Nov 22nd, 2024

Двајца мигранти починаа во сообраќајка на влезот во Радовиш

ByВане Трајков

Aug 17, 2020


Синоќа на магистралниот пат Струмица – Штип, кај клучка Радовиш, патничко возило „ауди Q7“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, во кое се превезувале 12 мигранти од Сирија, удрило во запрено товарно возило, сопственост на МВР. На местото на незгодата починал еден од мигрантите, а еден им подлегнал на повредите во Медицинскиот центар Штип. Останатите лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека еден полициски службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. Во периодот од 22.40 до 23.40 часот сообраќајот на наведениот патен правец бил во прекин, а потоа е пренасочен по спореден пат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *