• Sat. Nov 23rd, 2024

Двата контролни теста на четворицата заболени од Радовиш се негативни

Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов информира дека на четворицата заболени од корона вирус им се направени 2 контролни теста и според информациите од Институтот за јавно здравје, тие се негативни. Тоа значи дека  во моментот во Општина Радовиш нема ниту  еден заболен од Ковид -19.

Според градоначалникот Конзулов тое а добра вест за сите радовишани, но тој апелира граѓаните да продолжат и понатаму да се придржуваат до мерките и препораките од надлежните институции за заштита од корона вирус, да носат заштитна опрема и да држат растојание.

             Инаку Општина Радовиш ќе продолжи и понатаму со дезинфекција на станбените објекти за колективно домување и на улиците во градот и населените маеста, како и дезинфекција на возилата на влезот во Радовиш,  инфомрира градоначалникот Конзулов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *