• Sat. Nov 23rd, 2024

Да се искористи сувото време за чистење на оџаци, апелираат oод ТППЕ Струмица

ByВане Трајков

Oct 27, 2020

Струмичките пожарникари апелираат до физичките и правните лица да го искористат топлото време и да извршат чистење на оџаците пред екот на грејната сезона. Од таму велат дека една четвртина од пожарите регистрирани во струмичкиот регион отпаѓаат на запалени оџаци кои предизвикуваат пожари во цели стамбени објекти. Командирот Александар Гудев упати апел да се искористат овие денови да се изврши чистење на оџаците што преставува и законска обрска на правните и физичките лица

Казните за неисчистени оџаци или димоводни канали како што кажаа од Дирекцијата за заштита и спасување се движат од 500 евра за физички лица и 2500 евра за правните лица. Освен парични казни може да следуваат и кривични пријави кажа Митко Димчев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *