ретседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, пред малку соопшти дека излезноста до 18:30 часот на вториот круг од локалните избори 2021 година изнесува 48,88%. Вкупно, до 18:30 часот, гласале 555 943 гласачи.
Најголема е излезноста во Кочани, 81,2%. Најниска е во Сарај 28,12%.
При гласањето во првиот круг, излезноста во 18:30 часот беше 48,99%.
„Имавме успешен и мирен ден, со изолиран број на инциденти. Имавме гласање фер и демократско, каде виддовме дека уредите за биометриска идентификација работеа беспрекорно, освен во неколку случаи сабалје… Сметам дека треба да причекаме сега да се пребројат резултатите и да заклучиме дека денот помина успешно“,изјави Даштевски.
извор:https://360stepeni.mk/dashtevski-izleznosta-do-18-30-e-48-88/