• Fri. Nov 22nd, 2024

Дали и за колку ќе се покачи цената на струјата ќе се знае утре

Регулаторна комисија за енергетика утре ќе пресече дали и за колку проценти ќе се покачи цената на струјата. Анализата на Комисијата покажала дека не се прифатливи голем дел од трошоците кои ги пријавиле енергетските компании, според кои треба да се формира новата цена на струјата. Енергетските компании испратиле многу забелешки до РКЕ, кои комисијата денеска ги разгледуваат, пред да ја донесе конечната одлука.

„Предлог одлуките кои се поставени на веб страната се деталните анализи на трошоците кои ги имаат поднесено енергетските комапнии во однос на формирањето на новата цена. По истите пристигнуваат забелешки кои во моментов повторно се анализраат дали се издржани или не.  Одлуката ќе биде донесена утре,“ се вели во дописот од Регулаторна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *