Гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо, нареди поради коронавирусот да се затворат училиштата во неколку „жешки точки“ низ државата.
Училиштата ќе бидат затворени и во градските области Њујорк, Бруклин и Квинс.
„Нема да препорачам или дозволам ниту едно семејство од Њујорк да го испрати своето дете во училиште во кое јас не би го испратил моето дете“, рече Куомо на прес-конференција, објави „Ројтерс“.
Тој рече дека државата ќе го преземе спроведувањето на правилата за одржување социјално растојание од локалните власти во жариштата на коронавирусот.
Куомо исто така изјави дека е загрижен за зголемувањето на случаите на коронавирус во Рокланд и Оранж, области северно од Њујорк.
извор: Макфакс