Грција од утре ги отвора границите за вакцинираните странските државјани
Малопродажбата се враќа во функција без досегашната пракса на закажување, но со почитување на здравствените протоколи во врска со бројот на клиенти што може да ги прифати истовремено (еден клиент на 25 кв.м.). Забраната за музика во рестораните, останува во текот на целиот месец мај.
За движење на граѓани кон и од островите, „грчката верзија“ на зелениот сертификат (потврда за примени вакцини) ќе важи во наредните месец и половина. Тоа значи дека секој што сака да патува од и до островите, со исклучок на Лефкада, Евија и Саламина, или со брод или со авион, со резервација на билет мора да имате или потврда за вакцинација, при што втората доза на вакцина е дадена најмалку 14 дена пред патувањето, или негативен ПЦР тест – молекуларен тест до 72 часови или брз / авто-тест до 24 часа – или да имате потврда за прележан ковид два до девет месеци пред патувањето. За копнено меѓурегионално патување, се препорачува редовно само-тестирање .
- или потврда за вакцинација (14 дена по 2-та доза)
- или 72-часовен тест
- или брз тест
- или 24-часовен само-тест
- или доказ за pпрележана болест.
Контролата ќе ја вршат авиокомпаниите и бродските компании и сите домашни и странски патници над 5 години ќе бидат обврзани на овие документи.