• Fri. Nov 22nd, 2024

Грците масовно ги продаваат хотелите

Речиси стотина хотели во моментот се продаваат на северот на Грција, а најевтиниот поголем објект со базен и поглед на море може да се купи за половина милион евра. На грчките интернет-страници за недвижности во моментот има исклучително богата понуда на грчки хотели на северот на земјата, со најголем број објекти лоцирани на Халкидик. Цените се неверојатни и почнуваат од 160 илјади евра, пренесува Макфакс.

Хотелите во Аспровалта, Врасна, Калитеа, Полихроно, Неа Муданија, но и сите други туристички места на северот на Грција може да се купат за малку пари, а најевтиниот објект чини 160 илјади евра и се наоѓа во Врасна. Објектот има четири апартмани и се наоѓа на 200 метри од морето.

Од 300 илјади до половина милион евра може да се купат објекти со 20-ина соби и базен.
Хотел се продава во Неа Мармарас за 1,5 милион евра. Хотелот има два објекта, 44 соби, рецепција, базен, поглед на море и делумно е реновиран.

На продажба е ставен и хотел во Полихроно за 2,1 милиона евра. Хотелот располага со 41 соба и е изграден во 1990 година. Нов хотел со 25 соби може да се купи за три милиони евра. Оние што сакаат хотел на брегот треба да издвојат пет милиони евра. Поточно, хотелот на брегот на полуостровот Касандра има 22 соби и чини 5,5 милиони евра.

Нов хотел на истиот полуостров со 28 соби чини девет милиони евра. Поголем хотел со 130 соби на Халкидик може да се купи за приближно 11 милиони евра, а уште поголем хотел со 150 соби поскап е за еден милион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *