Во Europe House Струмица се одржа дебатa со група на средношколци на тема органодонорство, како дел од активностите за подигнување на јавната свест за органодонорството и трансплантацијата во земјава.
Целта на средбата беше да се укаже на важноста на трансплантацијата, не само како медицинска дејност, туку и од аспект на хуманост, љубов, емпатија, надеж.
На дебатата учествуваа и Националниот координатор за трансплантација на органи и ткива д-р Маја Мојсова Мијовска и Адријана Георгиев од Министерството за здравство. Модератор Небојша Илијевски, проектен консултант за комуникации.
Настанот е дел од проектот „Поддршка на системот за трансплантација“, финансиран од ЕУ, во кој краен корисник е Министерството за здравство.
„Ми враќа верба во човечкото“; „Почит кон храброста на двете страни“; „Дознав многу повеќе за тоа како гледаат на животот луѓето што добиваат втора шанса“ ‒ беа само дел од пораките што ги споделија младите од Струмица.