Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски и Александар Николоски оствари средба со Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.
На средбата соговорниците разговараа за повеќе актуелни теми поврзани со внатрешните политички случувања како и исполнување на стратешките интереси на Република Македонија.
Претседателот Груевски посочи дека локалните избори кои поминаа беа едни од најлошо организираните, каде се случија бројни неправилности, случаи за поткуп бугарски возови, недостаток на гласачки ливчиња, притисоци, уцени и закани, па се до поднесување на кривични пријави врз градоначалници без правна основа-политички мотивирани, убиство на носител на советничка листа, пукнат череп на градоначалник и други бројни сериозни нарушувања.
Беше посочено дека дел од полицијата беше активен партнер во заплашувањата врз граѓаните, притисоци врз администрацијата и организирањето на криминалните избори. Изборите на кои се случи убиство, насилство, закани и поткуп е криминал и е нешто што не доликува и се коси со вредностите на земја аспирант за Европската Унија, истакна ВМРО-ДПМНЕ.
извор: makfax.com.mk