Почнувајќи од денес, граѓаните на Босилово ќе имаат можност да склучат брак во една пријатна атмосфера, во специјално уредено катче, соодветно на важноста на чинот.
Просторот во поранешната пицерија „Парк” во Босилово е преуреден и прилагоден на барањата и потребите на граѓаните.
Од општината истакнуваат дека тоа е прекрасна идеја која ја реализирале со скромна инвестиција.