• Sat. Nov 23rd, 2024

Грант од по 30.000 ден. за гевгелиските училишта во областа на мултикултуризмот

Преку Јавниот повик за доделување на средства за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултуризмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во основните и средните училишта за учебната 2019/20 година, Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија додели Грант во висина од по 30.000 денари на 70 основни и 25 средни училишта. На овие две листи се најдоа и гевгелиските училишта: ООУ „Владо Кантарџиев“, ООУ „Ристо Шуклев“, ОМУ „Васо Карајанов“ и СОУ „Јосиф Јосифовски“.

              За добивањето на овој Грант, училиштата во соработка со Општина Гевгелија изработија Стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието и граѓанска вклученост на општина Гевгелија. Со изработката на овој документ, Општината ќе придонесе за зајакнување на општествената кохезија во нашата земја преку промовирање на мултикултурните вредности и зголемената интеракција меѓу популацијата од различна етничка припадност во школската возраст. Со тоа ќе се придонесе вредностите на граѓанското општество да станат реалност. Истовремено, oпштина Гевгелија преку воспитно-образовниот процес ќе обезбедува кадри не само за општина Гевгелија и Република Северна Македонија, туку и кадри за глобалниот пазар на трудот во Европската Унија и светот.

              Стратегијата беше поддржана и усвоена од страна на Советот на Општина Гевгелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *