• Fri. Nov 22nd, 2024

Грантот од 50 илјади швајцарски франци за компјутери во валандовските школи и училишен медиум, одлучија валандовчани

ByВане Трајков

Dec 14, 2018

Набавка на компјутери во сите училишта во Валандово и компјутески софтвер за лица со посебни потреби и отварање на училишен медиум. Овој проект ја доби подршката од валандовчани на Форумскиот процес во рамките на проектот ,,Зајакнување на капацитетите на општинските совети,, што го реализира УНДП а го финансира Швајцарската агенција за соработка.

Низ буџетските форумски сесии, валандовчани детектираа повеќе потреби во образованието и социјалната заштита но сепак одлучија парите што општина Валандово ќе ги добие од Швајцарија во висина од 50 илјади франци да се насочат за ,,ИКТ лабараторија со училишен медим,, Тоа значи набавка на компјутери и компјутерска опрема за информатички кабинети во двете основни и средното училиште каде може да се изведува и настава по природните науки со соодветен дидактички матријали, додека низ подрачните компјутери соодветни на етничката припадност и за лицата со посебни потреби.

Паралелно е планирано набавка на опрема за видео и фото снимање за училишниот медиум преку отварање информативен сајт кој ќе биде во функција на учениците

Инаку Форумот во Валандово го реализираше УНДП со помош на швајцарската агенција за соработка. Идниот месец општина Валандово треба да го потпише договорот и да добие 50 илјади франци за избраниот проект и треба да го реализира до јули идната година

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *