• Fri. Nov 22nd, 2024

Град Скопје започна акција за уредување на северната страна од кејот на Вардар

 

Екипите на Град Скопје денеска почнаа акција за чистење и уредување на северната страна од кејот на Вардар, на потегот од реката Лепенец до Аеродром.

Во текот на наредниот месец на терен ќе работат екипите на јавните градски претпријатија „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Водовод и канализација“ и „Улици и патишта”.

https://www.youtube.com/watch?v=0YWp8x3vcAY#action=share

Тие прво ќе го исчистат потегот, а онаму каде што е потребно ќе ги обноват патеките, ќе го уредат зеленилото и ќе го заменат осветлувањето. Во акцијата ќе се вклучи и УНДП преку имплементација на проект за поставување урбана опрема – корпи за џебен отпад.

„Оваа страна од регулираното корито на реката Вардар беше чудно запоставена и токму поради таа запоставеност во последниве две и пол години во неколку наврати тука имавме акции за расчистување мини депонии. Сега, левата страна на коритото целосно ќе ја уредиме за граѓаните да ја користат како што ја користат десната страна, односно ќе ја изедначиме и по квалитет на инфраструктурата и според можностите што се нудат на граѓаните. Истовремено ќе го засилиме инспекцискиот надзор. Ова го работиме заедно со УНДП, кои помагаат со поставување урбана опрема – корпи за џебен отпад кои недостасуваат од оваа страна на реката. Целта е скопјани да добијат нов, добро уреден јавен простор“, нагласи градоначалникот Петре Шилегов.

извор: makfaks

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *