Струмичани и синоќа на протест.Петти ден излегоа на улица и кренаа глас против одлуката на претседателот Иванов за аболиција , како и против избори на 5ти Јуни.Велат дека секојдневно ќе се на улица се додека не се променат нештата.Гласни и се побројни се низ градските улици,сметаат дека политичката криза мора да се разреши и дојдат подобри времиња за сите.
Уште погласно и похрабро од изминатите четири дена скандираа и ги повикуваа политичарите кои беа помилувани и бараа од нив да ги вратат парите и да си дадат оставки.
Протестите на струмичани како што велат и самите нема да застанат.И вечерва се очекува масовност на протестите низ централното градско јадро.Истите како во изминатиов период така и вечерва се организираат од граѓански здруженија , а поддржани од граѓаните од микрорегионот.