• Sat. Nov 23rd, 2024

Градоносни облаци со авионско засејување- заштита за македонското земјоделство

Од страна на Управата за хидрометеоролошки работи беше објавен Јавен оглас за услуги за модификација на време со авионско засејување. Преку Програмата за рурален развој на Министерството за земјоделство обезбедени се 60.000.000 ден. со вклучен ДДВ. Заштитата со авионското засејување ќе се спроведува на целата територија на државата, а рокот за доставување понуди е до 20 февруари, годинава.

            Авионското засејување е нов систем за заштита од елементарни непогоди којшто предвидува контрола на климатските услови со што се постигнува поквалитетна и порационална заштита на земјоделските посеви од град преку реагенси како сребрен јонид. Со оваа метода зрната град што се формираат во засеаниот облак ќе имаат помала димензија, а при паѓањето во топлиот сектор на облакот ќе се стопат пред да паднат на земјата.

           Овој систем се користи во: Грција, Бугарија и Словенија и се покажа како доста ефективен, а е поекономичен од старите системи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *