Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, се одржа работен состанок со претставниците од Регионалниот центар за управување со кризи, раководителот Милан Русев и помладиот соработник Димитар Стојовски, а на кој присуствуваше и претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.
На состанокот се разговараше за функцијата и улогата на Регионалниот центар за управување со кризи, неговата структурна поставеност, системот за управување со кризи како и унапредување на досегашната соработка.На состанокот беше презентирана и проценката на загрозеност на подрачјето на општина Струмица како и обврската за нејзино постојано ажурирање, а беше истакната и потребата од рано предупредување за навремено справување со кризните состојби и подготвување на редовни и вонредни информации за состојбите кои ќе ги добиваат граѓаните преку локалните медиуми.