• Fri. Nov 22nd, 2024

Градоначалникот Јаневски за Вистиномер – Во периодот пред нас ќе станат повидливи ветените проекти

Коста Јаневски, градоначалник на Струмица  изразува умерено задоволство од досега сработеното, пред се затоа што за да се реализираат проектите мора да се исполнат законските предуслови а за тоа е потребно време пишува www.vistinomer.mk

– Овој период е попасивен, се подготвуваат проектите и тендерските документации. Еден дел од нашите предизборни ветувања се во тек и се движат, а некои и се реализирани, како што е оној за згрижување на кучињата бездомници. Тој проект е доведен до фаза за одобрување за градење. Ги исчистивме и каналите за наводнување, што наиде на одобрување…Имавме бетонирање во Турското маало со потпорен ѕид, исто така потпорен ѕид и на ул.Првомајска, таа активност ја завршивме,, вели Јаневски за www.vistinomer.mk

Советот веќе донесе е одлука поврзана за т.н. зелени кровови, со што се достапни одредени комунални олеснувања. Во тек е последната фаза на подготовка за изградба на станица за полнење на електрични возила, со цел да го поттикнеме еколошкиот аспект преку нашиот буџет. Го помагаме и спортот преку поддршка на спортските клубови, но на одреден поправичен начин и преку рамномерно исплаќање на ратите – истакна Јаневски за порталот..

Повеќе на  http://vistinomer.mk/video-janevski-vo-periodot-pred-nas-ke-stanat-povidlivi-vetenite-proekti/

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *