• Sat. Nov 23rd, 2024

Градоначалникот на Богданци објави дека пожарот кај Ѓавато е под контрола 

ByВане Трајков

Jul 25, 2022

Градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов соопшти дека пожарот кај селото Ѓавато што избувна вчера е ставен под контрола и нема жаришта, а екипите се на терен и ја следат состојбата.

Според Шапов, пожарот бил со висок ризик и со големи размери, но со залагање на сите присутни, со брза реакција и повеќечасовна борба успеале да го локализираат и да се заштитат имотите на жителите на село Ѓавато.

-Упатувам голема благодарност до Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, ШС „Кожув“, градоначалниците и против пожарните единици на општините: Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Дојран, Валандово и Неготино, за нивното залагање, голема поддршка и несебична помош , кои заедно со жителите на Ѓавато, вработените во Општината и комуналното претпријатие го гаснеа големиот пожар, напиша градоначалникот на Богданци.

Тој упати апел за одговорно однесување и внимателност на сите за заштита од пожари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *