Во рамките на Струмица Опен Фестивал 2023, синоќа се случи музички настан на кој струмичани имаа можност да уживаат во една боемска вечер со пејачот Живко Динев и неговите музички колеги и пријатели Сузана Гавазова и Миле Кузмановски.
Репертоарот беше исполнет со авторски песни на Динев, но и други македонски песни, боемски песни од српско-хрватскиот пазар кои нашата публика обожава да ги слуша.
Градоначалникот Костадинов исто така го поддржа настанот и уживаше во прекрасната атмосфера.
- „Си ги сакаме и почитуваме домашните музичари. Не оти се наши, ама синоќа покажаа оти се и најдобри. Живко Динев и неговите гости Миле Кузмановски, Сузана Гавазова и останатите музичари ни приредија прекрасна Боемска вечер во големиот градски парк. Беше тоа уште една вечер за паметење на Струмица опен фестивал“, истакна тој.