Од денеска градоначалникот Костадинов е почесен член на Организацијата на резервни офицери на Република Северна Македонија.
Тој му се заблагодари на претседателот Гоце Георгиев за врачената значка за почесното членство и на сите членови на Организацијата за взаемната почит и поддршка.
На средбата се разговараше за работата на Организацијата на резервни офицери, за слободарската и мириљубивата традиција и новите предизвици, а беше потврдено и продолжувањето на соработката.
„Работата ме исполнува, а ќе бидам нескромен ако кажам дека признанијата не ми значат, напротив уште повеќе ме мотивираат да го дадам најдоброто од себе и како човек и како градоначалник“, истакна градоначалникот Костадинов.