Денес, во НУЦК „Антон Панов“ градоначалникот Костадинов имаше убава средба со првачињата од струмичките основни училишта, на настанот кој, по повод нивното прво седнување во училишните клупи, беше специјален подарок за нив.
„Го имав прекрасното задоволство да им се обратам на првачињата посакувајќи им успех во учењето, но и негување на другарски односи со своите соученици, како едно од највредните нешта во животот.“ – истакна Костадинов.
Првачињата имаа можност да ја гледаат претставата „Пат околу светот“ со која градоначалникот им посака убав пат низ приказната наречена – образование,а секое прваче доби и тетратка и молив.
„Убеден сум дека денешниот ден тие долго ќе го паметат, а прекрасната средба со нив ќе остане долго и во моите спомени.“ – потенцираше градоначалникот.