Во име на големиот празник Св. Трифун, денес градоначалникот Костадинов ја имаше честа да ѝ биде верен на повеќевековната христијанската традиција на закројување лозје. И овојпат тоа се случи на лозовите насади на АД „Грозд“, во присуство на свештеници од Македонската православна црква Охридска архиепископија – Струмичка епархија, вработени во АД „Грозд“ и директорот на оваа успешна компанија, Васе Митев.
„Преголемо е задоволството, со секоја закроена лозова прачка, да им го честиташ Свети Трифун на домаќините и да им посакаш успешна година со здрав и богат род , како и изобилство на квалитетни вина. Вековит и бериќетен Свети Трифун на сите лозари. За многу години Свети Валентин на сите вљубени“, порача Костадинов.