Градоначалникот Ацо Ристов вчера ја посети „5-та детска ликовна колонија“ организирана од Центарот за култура „Ацо Караманов“ Радовиш на тема „Фолклорот наша вековна инспирација“ по повод Меѓународниот фолклорен фестивал „Радовишки собор 2023“.
По темата Фолклорот наша вековна традиција, младите уметници работеа на техника – Сликање на македонски фолклорни везови на традиционални глинени предмети.
Додека пак на тема „Поезијата на Караманов на платно“ по повод 50-тите Јубилејни Карамановите поетски средби, истите ја пренесоа поезијата од поетската стихозбирка Црвена пролет на платно.