Во текот на пролетта е многу лесно да се одгледуваат секаков вид на цвеќиња и растенија. Проблемот настанува кога доаѓа летото. Токму затоа ви ги претставуваме токму оние што ќе обезбедат градина полна мириси-цветаат цело лето.
Кои се цвеќињата коишто ќе го овозможат овој преубав пејзаж во вашата градина и балкон? Ова се цвеќиња коишто цветаат од јуни до октомври.
Петунија
Петунијата е сезонско цвеќе, едно од најраспространетите цветни видови во летниот период, посебно на балконите како саксиско цвеќе, но и во дворот. Доколку уживате во цвеќето, вистинско време е да ја подготвите вашата тераса за петунија. Ова цвеќе е чувствително на дожд, но и покрај тоа, поради прекрасните шарени бои на цветовите шири добро расположение.
Достапни се во разни бои, со единечни или двојни цветови, шарени, еднобојни, а некои од нив даваат и прекрасен мирис. Цветаат во текот на целото лето. Петинијата се сеe во хумус, во саксии со големина 7 до 9 см и корито од 40 см на растојание од 15 см помеѓу растение.
Цинија
Цинијата (лат. Zinnia) е вид на едногодишно цвеќе кое го среќаваме скоро во секоја градина. Потекнува од топлите краеви на Америка и Мексико, а своето име го има добиено по германскиот ботаничар Johann Gottfried Zinn. Семето од цинија било пратено во Европа во средината на 18-ти век и така започнува одгледувањето на цинијата на овој континент.
Цинијата е најпосакувано летно цвеќе за сите градинари, па дури и за децата. Лесно е за одржување, доста издржливо на секакви услови, идеално е за органски градини, во кои нема потреба од секојдневна нега. Расте во висина до 80 см, а големината на цветот се движи меѓу 5 и 15 см. Цветот го има во повеќе нијанси, освен сина.
Гаилардија
Гаилардија или, како што го нарекуваат и градинарите-сончевата камилица, е украсно растение од семејството Астер, кое дошло кај нас од Америка. Постојат и годишни и повеќегодишни видови.
Хибискус
Кај ова растение цветовите во облик на труба се јавуваат од средината на пролетта. Цветаат сè до доцна есен. Можат да бидат бели, жолти, портокалови, розови или црвени. Цветовите не траат долго, но се во голем број и секогаш цветаат нови. Во контраст со темнозелените листови привлекуваат исклучително внимание. Растенијата треба да се стават на светло место, но без директно силно сонце. Тоа би значело на источен или северен прозорец. Внимавајте да не го ставате хибискусот на провев бидејќи тоа ќе предизвика отпаѓање на пупките.