Искршените клупи се грда слика на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица. Ова преку апликацијата Граѓански новинар на ТВ Канал ВИС го велат загрижени жители.
-На плоштадот има искршени клупи кои не само што не се практични за употреба туку претставуваат и грда слика за градот. Не е голем трошок да се поправат, се вели во дописот на нашиот Граѓански новинар.
ТВ Канал ВИС зборуваше со надлежните комунални служби. Тие велат дека нови клупи се набавени и се складирани. Меѓутоа во тек се подготовки за поголеми зафати на плоштадот, па кога ќе финишираат, срцето на градот ќе биде разубавено со новите клупи.
Плоштадот „Гоце Делчев“ е еден од најголемите во државата со вкупна површина од 23.485 квадратни метри. плоштадот е реконструиран во 2010 година, кога добива целосно нов изглед.
Новото решение го подели плоштадот на две нивоа. На првото е изградена подземна сообраќајница со паркинг простор како решение на сообраќајниот метеж, додека второто ниво е надземен дел со широк отворен простор за пешаци.
На градскиот плоштад во Струмица се одржуваат манифестации кои носат многубројна ублика, па затоа често се оштетуваат плочките кои дел беа заменеи низ минатите години.