Горивата со нови цени од полноќ
Регулаторна комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.
Минатата недела цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за еден денар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намали за 1,50 денар/литар.