• Thu. Nov 21st, 2024

Горан Пандев со песна и оро го прослави влезот на Академијата во Прва лига

Фудбалерите на Академија Пандев вечерва ја прославија освоената титула во Втората лига  и пласманот во елитното фудбалско натпреварување од следната сезона.  Славјето беше со менторот и сопственик на Академијата- Горан Пандев кој заедно со членовите на сениорскиот тим, тренерите и техничкиот персонал, се радуваа на  Шампионскиот пехар и пласманот во Првата фудбалска лига од следната сезона. Со музиката на групата ,,Маестро,, ,,пандевци,,  пееа,  играа, се веселија и ветија дека следната сезона ќе бидат сериозен тим кој нема да биде лесен залак за ниту еден прволигаш а дел од играчите најавиј и атак на европската сцена

Како се радуваше Горан Пандев, што кажаа дел од фудбалерите, стручниот штаб и дел од легендите на струмичкиот фудбал.  На која музика најмногу  играа ,,пандевци,,, што кажаа за нив членовите на група ,,Маестро,,. Сето тоа  во вестите на Канал ВИС а со посебна мини репортажа во  петочното издание на Дневна соба и Неделно попладне на Канал ВИС…..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *