• Fri. Nov 22nd, 2024

Горан Пандев за ,,Спорт’’ – Не можам да гледам како фудбалот пропаѓа и би го прифатил предизвикот за прв човек на ФФМ

,,Не можам да седам на страна и да гледам како фудбалот пропаѓа. Така е најлесно – сите да кренеме раце. И затоа сакам да бидам претседател на ФФМ. Секојдневно ме бараат пријатели и фудбалски работници од Македонија но и видни имиња од Европа“, вели најдобриот македонски фудбалер во ексклузивно интервју за празничното печатено издание на спортскиот весник Спорт што излезе денес

Пандев во интервјуто говори за својата кариера но и за  случувањата во мак фудбалот. Најавува повлекување од фудбалските терени во јуни идната година и ако има избори за претседател на ФФМ ќе го прифати предизвикот

,,Би ја завршил фудбалската кариера во јуни идната година, ако тогаш постои можност да се одржи избор за прв човек на федерацијата јас би го прифатил предизвикот. На фудбалот му е потребно обединување. На фудбалот му се потребни вистински фудбалски работници,, подвлекува струмичанецот

Целото интервју во денешното издание на спротскиот весник СПОРТ…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *