Новиот летен хит „Винјак мој“ на Горан Куќиќ и Јупитер предизвика големо внимание на балканската музичка сцена. Песната која денеска попладне се објави на јутуб каналот на Гранд продукција има и своја оригинална приказна.
Горан, за канал ВИС изјави дека песната е производ на боемските дружења во Белград за време на снимањето на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“. Имено, додека чекале на снимањата и се дружеле со останатите учесници, постојано пиеле винјак. Потоа Горан Куќиќ честопати се слушал со својот колега и пријател Горан Алачки, кој го прашувал како минува на снимањата:
„Ќе му речев, одлично е брат, пиеме винјак и се дружиме. Мора да дојдеш во Струмица да направиме заедничка седенка со винјак. Тоа прерасна во наша интерна шега, и навистина, кога ќе дојдеше пиевме винјак во долгите заеднички дружења“, раскажува Горан Куќиќ.
Тој вели дека тоа оставило голем впечаток кај Алачки, кој едно утро му зе јавил и му рекол: „Брат, има страшен текст за песна. Ќе се вика винјак мој.“
Тогаш, му било забавно на Куќиќ, што винјакот станал инспирација за песна, но кога дошол Алачки повторно во Струмица, се уверил дека материјалот е одличен.
„Во моето студио дојде и нашиот заеднички пријател Ѓорги Калајџиев. Тој, како што е со истенчен вкус за пишување, направи неколку интересни интервенции кои што ја дадоа завршната верзија на текстот. Иако Горан Алачки е комплетен автор на песната, овие забелешки беа навистина добредојдени и морам да го споделам тоа“, вели Горан.