Обилниот дожд проследен со силен ветер викендов направи големи штети на пластениците во струмичкото поле. Земјоделците велат дека ќе мора да се задолжуваат за да ја обноват пластичната фолија. Особено беше силно невремето во сабота попладнето, кога силниот дожд и ветрот откорнаа многу пластеници во регионот.
Последниве десетина недели, речиси без престан врне во струмичкиот крај. Силен дожд и ветер стануват ноќна мора за производителите и закана за производството.
Агроекспертите предупредуваат дека потребна е соодветна заштита на посевите бидејќи од зголемената влажност се заканува опасност од појава на штетници и болести.
Прилог на Сузана Мицева