• Thu. Nov 21st, 2024

Големиот италијански дизајнер на обувки Серџо Роси почина од коронавирус

Утре, недела е прогласен за ден на жалост во Италија, во неговиот роден град Сан Мауро Пасколи. Тој создаде голем број работни места за своите сограѓани, уште од почетоците на градењето на модниот бренд за обувки кој го носи неговото име, во 1951 година. 

Серџо Роси починал во четвртокот вечерта во болница на северот од Италија, а градоначалничката на неговиот град кој има околу 47 000 жители изјавила: „Неговата смрт е голема загуба за нашата заедница“.  Таа во видео – порака изрзила жалење што поради пандемијата и забраните за движење не можат достоинствено и како што заслужува да го испратат големиот дизајнер. 

Во 1999 година Гуќи презеде 70% од компанијата на брендот за обувки „Серџо Роси“, а потоа во 2005 година и останатите 30%. Роси имаше 85 години. 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *