• Sat. Nov 23rd, 2024

Годинава двојно повеќе вакцини за сезонски грип

Како што денес не информираа од Министерството за здравство, за престојната вакцинација против сезонски грип 2020/2021 година, Министерството за здравство ќе набави 40.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип за бесплатна вакцинација на следните ризични групи: – Стари лица (над 65 години) – Лица со хронични заболувања – Здравствени работници – Бремени жени – Децата на возраст од 6 месеци до 5 годиниЕкономскиот оператор Елбијор беше единствениот понудувач, а во петокот на 02.10.2020 беше финализиран договорот во однос на тендерот за набавка на вакцините. Вакцинацијата ќе започне во текот на октомври, согласно препораките.Минатата сезона, како што наведуваат од министерството, биле набавени 28.000 дози бесплатни вакцини, односно бројката годинава е зголемена за 40 отсто.Секогаш препораките на СЗО е да се вакцинира населението со намален имунитет, значи оние со одредени болести. Но, секоја година отприлика на крајот на септември, почетокот на октомври се почнува со вакцинација за да има време организмот да создаде антитела, а најјакиот удар кај нас секогаш следи во февруари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *