• Tue. Nov 26th, 2024

Глумец од Србија пешачи 800 км до Света Гора за да го сврти вниманието на јавноста за положбата и статусот на лицата со аутизам

ByЃ. K.

Oct 21, 2023

Денес во ТППЕ Струмица пристигна Микица Петронијевич, глумец од Арнџеловац, Р.Србија. Тој пешачи 800 км. од родниот град до Хиландер, Света Гора, Р.Грција, со цел да го придобие вниманието на јавноста за положбата и статусот на лицата со аутизам.

Пожарникарите му овозможија да се одмори и ноќева во противпожарниот дом и наредниот ден да продолжи со своето патување и хумана цел.

By Ѓ. K.