Фудбалската федерација на Македонија објави интеренет гласање за најдобрите поединци во македонскиот фудбал за првенствената 2017/2018 сезона. Во потесниот круг номинирани се и фудбалери и тренери од ФК Академија Пандев и од ЖФК Тиверија од Струмица.
Во конкуренцијата најдобар фудбалер е номиниран Лупче Дориев од Академија Пандев, клуб кој има и номинација во категоријата најдобар тренер за млади и тоа преку Александар Стојанов . За најдобар тренер во женскиот фудбал е номиниран Славе Велков од Тиверија од кој клуб за најдобра фудбалерка е номинирана Александра Ристовска
Гласањето за најдобрите во мак фудбалот може да го реализирате на следниов линк
http://ffm.mk/glasajte-za-najdobrite-vo-makedonskiot-fudbal-za-sezona-201718?fbclid=IwAR2CWRrW3z8Nd3SEEhrP3tjjQ_f8KcCBQhZK9ZVt9wecm_BMvp3hM0cq7SI