• Fri. Nov 22nd, 2024

Германски виролог: Не само втор, туку ќе има и трет бран на вирусот

Германскиот виролог Хендрик Штрек верува дека ќе има втор и трет бран на инфекција со Ковид-19 и дека општеството мора да научи да живее со коронавирусот.

Во ТВ-емисија, Штрек рече дека не очекува дека брзо ќе се развие вакцина против вирусот.

Во блиска иднина, тој не гледа напредок во развојот на вакцината и покрај фактот дека огромен број на луѓе се вклучени во истражувања низ целиот свет.

Штрек не е убеден во досегашните резултати во развојот на вакцина или лек.

Затоа, вели тој, општеството мора да живее со коронавирусот, пренесе Макфакс.

„Мораме да се помириме со тоа и да правиме најдобро што можеме. Тоа значи дека ќе имаме постојани осцилации, што е веќе случај. Секогаш мора да сметаме на појава на нови жаришта, како што беше случајот со Гитерсло и да бидеме подготвени“, објасни еден од водечките виролози во Германија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *