Министерството за внатрешни работи на Германија ја отстрани Црна Гора од листата на безбедни „трети“ земји во однос на справувањето со коронавирусот.
Својата одлука Берлин ја образложи со зголемениот број новозаразени во Црна Гора.
Тоа значи дека државјаните на Црна Гора можат да влезат во Германија само ако за тоа можат да докажат важна причина.
На листата безбедни земји кои можат да влезат во Германија моментално се наоѓаат само седум трети земји – Австралија, Грузија, Канада, Нов Зеланд, Тајланд, Тунис и Уругвај.