• Sat. Nov 23rd, 2024

Германија целосно ги укинува епидемиолошките мерки на 20 март

Германија планира да го прослави денот на слободата на 20 март кога треба да паднат сите епидемиолошки мерки, тврди весникот „Билд“.

Весникот наведува дека премиерите на покраините веќе подготвиле одлука со која се предвидува план за олеснување на мерките во три чекори.

Најпрвин ќе се ублажат мерките што се однесуваат на прославата во приватна средина. Во моментот има ограничување на бројот на присутни до максимум десет лица.

Се планира и укинување на контролата на статусот на вакцини за влез во продавниците.

Од 4 март треба да се укинат рестрикциите за угостителство и хотели, а планирано е и отворање на ноќните клубови.

Од тогаш во угостителството и хотелите ќе се применува правилото 3G, со кое невакцинираните ќе може да доаѓаат во кафулињата доколку имаат негативен тест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *